Мониторинг и евалуација на родово одговорни политики

Сподели

За обуката

Постојано расте интересот и потребата јавните институции и професионалците да го подигнат нивото на одговорност при спроведување мониторинг и евалуација на јавните политики. Тука ја спомнуваме и потребата од интегрирање на родовата еднаквост во сите фази од евалуацискиот процес. Овој модул има за цел да им понуди на учесниците не само знаење за меѓународните стандарди, туку и да ги поттикне да размислуваат како тие може практично да се применат во локален контекст.

Овој модул ги води учесниците низ евалуациски рамки и ги користи и стандардите на Обединетите нации и OECD. Целта е да се разбере како родовата перспектива е клучен елемент – и тоа не само декларативно, туку преку конкретни алатки и индикатори кои овозможуваат систематска проценка на родовите аспекти во секоја јавна интервенција.

Зошто е ова важно?

Затоа што сè почесто јавните институции се повикуваат да демонстрираат отчетност и ефективност – не само дали нешто е направено, туку и како тоа влијаело на жените и мажите, подеднакво или нееднакво. Родово-одговорната евалуација не е само технички пристап; таа претставува вредносна определба дека вредноста на јавните политики се мери и преку нивната способност да создадат поправедно општество.

Резултати од обуката

Овој модул има за цел да ги:

  • Поттикне учесниците да ги разберат основните поими и принципи на родово-одговорна евалуација;
  • Подготви да препознаваат, анализираат и применуваат етички и технички критериуми при дизајнирање и спроведување на родово-сензитивни евалуации;

Овој модул подготвува за:

  • Повисоко ниво на аналитичка компетентност кај службениците и аналитичарите;
  • Поголема усогласеност со меѓународни стандарди при изготвување политики и извештаи;
  • Поттикнување институционална култура на родова отчетност.

На крајот од модулот, учесниците ќе се чувствуваат сигурно да иницираат, применат и оценат родово-одговорни евалуациски процеси.
 

Времетраење
2 дена
Сесии
14
Часа
14
Учесници
20

Контакт за повеќе информации:

gabriela.madzoska@mtsp.gov.mk

Нема закажани термини за обуката.

Времетраење
2 дена
Сесии
14
Часа
14
Учесници
20

Контакт за повеќе информации:

gabriela.madzoska@mtsp.gov.mk

Нема закажани термини за обуката.

Контактирајте не преку овој формулар