Филтер
Овој модул ги води учесниците низ евалуациски рамки и ги користи и стандардите на Обединетите нации и OECD. Целта е да се разбере како родовата перспектива е клучен елемент – и тоа не само декларативно, туку преку конкретни алатки и индикатори кои овозможуваат систематска проценка на родовите аспекти во секоја јавна интервенција.
Зошто е ова важно?
Затоа што сè почесто јавните институции се повикуваат да демонстрираат отчетност и ефективност – не само дали нешто е направено, туку и како тоа влијаело на жените и мажите, подеднакво или нееднакво. Родово-одговорната евалуација не е само технички пристап; таа претставува вредносна определба дека вредноста на јавните политики се мери и преку нивната способност да создадат поправедно општество.
Главната цел на обуката е да ги подготви јавните службеници/ки со теоретски знаење и практични алатки за интегрирање родов принцип во стратешкото и годишното планирање, во согласност со националните обврски кои произлегуваат од закони и методологија.
Креирањето на политиките, стратегиите, програмите и проектите со вклучување на родовата перспектива придонесува за решавањето многу развојни проблеми и донесува конкретни придобивки за владата, за поединците – жените и мажите, и за општеството во целина.
Иако кога станува збор за стратешкото планирање се смета дека најодговорни се оние кои работат директно на изготвување на стратешките планови, сепак сите се засегнати не само со
изготвувањето туку и од реализацијата на стратешките планови. Поради тоа оваа обука би била од корист за претставници од повеќе сектори на институциите.
Академијата има за цел да ги зајакне капацитетите на вработените во Министерството, со фокус на Истражувачкиот центар, во неколку области:младински политики,комуникација со јавност,спроведување на истражување,обработка на податоци и внатрешна соработка со секторите.
Целата на обуката е зајакнување на знаењата на административните службеници од регионот за родовата еднаквост, да се разберат придобивките од интеграцијата на родовата перспектива во политиките и јавните буџети.
Постојано расте интересот и потребата јавните институции и професионалците да го подигнат нивото на одговорност при спроведување мониторинг и евалуација на јавните политики. Тука ја спомнуваме и потребата од интегрирање на родовата еднаквост во сите фази од евалуацискиот процес. Овој модул има за цел да им понуди на учесниците не само знаење за меѓународните стандарди, туку и да ги поттикне да размислуваат како тие може практично да се применат во локален контекст.
Овој модул ги води учесниците низ евалуациски рамки и ги користи и стандардите на Обединетите нации и OECD. Целта е да се разбере како родовата перспектива е клучен елемент – и тоа не само декларативно, туку преку конкретни алатки и индикатори кои овозможуваат систематска проценка на родовите аспекти во секоја јавна интервенција.
Зошто е ова важно?
Затоа што сè почесто јавните институции се повикуваат да демонстрираат отчетност и ефективност – не само дали нешто е направено, туку и како тоа влијаело на жените и мажите, подеднакво или нееднакво. Родово-одговорната евалуација не е само технички пристап; таа претставува вредносна определба дека вредноста на јавните политики се мери и преку нивната способност да создадат поправедно општество.
Главната цел на обуката е да ги подготви јавните службеници/ки со теоретски знаење и практични алатки за интегрирање родов принцип во стратешкото и годишното планирање, во согласност со националните обврски кои произлегуваат од закони и методологија.
Креирањето на политиките, стратегиите, програмите и проектите со вклучување на родовата перспектива придонесува за решавањето многу развојни проблеми и донесува конкретни придобивки за владата, за поединците – жените и мажите, и за општеството во целина.
Иако кога станува збор за стратешкото планирање се смета дека најодговорни се оние кои работат директно на изготвување на стратешките планови, сепак сите се засегнати не само со изготвувањето туку и од реализацијата на стратешките планови. Поради тоа оваа обука би била од корист за претставници од повеќе сектори на институциите.
Да се научат учесниците на теоријата, вештините и алатките за развој и испорака на успешна програма за обука за родово одговорно буџетирање.
Целта на оваа иницијатива е да се подобри способноста на специјалистите за борба против корупцијата во јавните институции да ги вклучат аспектите на родовата еднаквост во нивните напори за борба против корупцијата.
Новите активности имаат за цел да обезбедат експертска поддршка преку организирање менторски сесии и стручни консултации за поддршка на државните службеници во ефективна примена на алатките за родово одговорно буџетирање.
Основната цел е да се осигура дека владините политики и буџети ги рефлектираат и одговараат на потребите и на жените и на мажите, особено фокусирајќи се на најранливите групи.
Целта на обуката е запознавање со концептот и начинот на воведување на проценка на влијанието на регулативата во креирање на јавни полититики и регулативи, постигнување на заедничко разбирање за важноата на ПВР за подобро законодавство и подобри решенија од јавните политики, запознавање на Методологијата за ПВР, интегрирање на родовите аспекти во проценка на влијанието на политиките и регулативите и препознавање на можните импликации врз различните групи во заедницата особено врз мажите и жените, воведно запознавање со клучните техники за изработка на ПВР, проценка на трошоците и ефектите од определени решенија, практична работа и примена на ex пост и ех анте оценката на избраната политика во соработка со Министерството за социјална политика, демографија и млади и UN Women.
Менторската програма има за цел да ги зголеми можностите за личен и професионален развој на жените вработени во јавниот сектор преку создавање на концепт на меѓусебна поддршка и јакнење, споделување на знаења и искуства, како и јакнење на солидарноста и вмрежување помеѓу жени.
Дискусија околу изборот на програмите кои ќе бидат предмет на родова анализа и подготовка на Родово буџетски изјави, но и за предизвиците при вклучување на родовата перспектива во програмите и буџетите.
Обуката треба да обезбеди разбирање за родовите концепти и значењето на родово одговорното буџетирање како и пециjализираните методи и алатки за родово-одговорно буџетирање вклучуваjќи и алатки за родова анализа.
Министерството за труд и социјална политика организира обуки кои се дел од проектните активности во рамки на проектот ,,Зајакнување на владеење на правото и човековите права во Северна Македонија,, која е финансиски подржана од Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
Обуката е наменета за административни службеници и службенички вработени во органите на локална самоуправа, додека целта на обуката е да го зголеми знаењето во однос на дискриминација и еднаквост, да ги зајакне капацитетите на вработените службеници и службенички во однос на принципите на недискриминација, механизмите за заштита, надлежните институции и релевантната домашна законска рамка и меѓународни документи.
Оваа обука е дел од серијалот наши обуки кои се одржаа во Скопје, Берово, Охрид и Дојран со учесници од општините во регионот, додека на 23 и 24 Септември обуката се одржа во просториите на Ресурсниот центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање.
Министерството за социјална политика, демографија и млади во соработка со Мисијата на ОБСЕ продолжуваа со Менторската програма "Жени за жени'' за поттикнување на професионалниот развој и лидерство на жените во јавниот сектор, наменета за жени во редовен работен однос во министерството.
Менторската програма има за цел да ги зголеми можностите за личен и професионален развој на жените вработени во јавниот сектор преку создавање на концепт на меѓусебна поддршка и јакнење, споделување на знаења и искуства, како и јакнење на солидарноста и вмрежување помеѓу жени.
Првиот циклус на обуки започна да се спроведува од септември до декември 2024 година и тоа се одржа една дводневна обука на 4-5 септември за менторките, а потоа 25-26 септември дводневна обука менторини и градење на односот менторка-менторирана.
На 26 септември во просториите на Ресурсниот центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање се случи првата средба на менторките со менторините и со тоа и првата средба со цел запознавање и поставување на цели и план за заедничка работа за овој циклус кој ќе трае три месеци.
Оваа е прв циклус на Менторската програма која ќе продолжи од Јануари 2025 година преку спроведување на 2 циклуса на обуки, а нејзиното преземање понатаму да биде интегрален дел од модулите за обука во Ресурсниот центар на министерството со цел на одржливост на програмата.
Целта е надоградување на знаењата и вештините на обучувачи и обучувачки за недискриминација и должност за унапредување на еднаквоста на вработените во јавниот сектор.
Да се запознаат со концептот на родова анализа и придобивките од примената на родовата анализа
Да ги разберат клучните прашања и чекори за спроведување на родова анализа
Да идентификуваат кои се клучните прашања и родови аспекти по сектори
Да ја разберат важноста на проценка на влијанието на регулативата во процесот на подготвување на подобри родово одговорни политики
Да се стекнат со знаења за родова статистика и да идентификуваат релевантни извори на родова статистика
Да се запознаат со значењето на системите за следење и евалуација
Да се запознаат со концептот на родово одговорни буџетски извештаи и нивната содржина
Да се научат учесниците на теоријата, вештините и алатките за развој и испорака на успешна програма за обука за родово одговорно буџетирање.
Обуката треба да обезбеди разбирање за родовите концепти и значењето на родово одговорното буџетирање како и пециjализираните методи и алатки за родово-одговорно буџетирање вклучуваjќи и алатки за родова анализа.
Цели на програмата се учесниците да се стекнат со знаења за основни поими ма родова рамноправност, да ги препознаваат разликите во позициите на моќ во општеството кои се услов за родова дискриминација за да може при креирање на стратешки документи и јавни политики да ги пресретнат потребите на мажите и жените подеднакво и да застапуваат за нивно донесување и спроведување.
Целта на програмата е учесниците да се стекнат со основните поими на родовата еднаквост и да ги препознаат социјалните диспаритети кои постојат во општеството, а кој се услов за родова дискриминација