Ресурсниот центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање е формиран од страна на Министерството за труд и социјална политика (МТСП) во партнерство со канцеларијата на UN Women во Северна Македонија (Одлука на Влада на Република Северна Македонија за формирање на Ресурсен центар).
Центарот има за цел да помогне во напорите на Република Северна Македонија за систематска и одржлива примена на родово одговорното буџетирање како алатка во креирањето на политиките и буџетските процеси.
Ресурсниот центар обезбедува обуки за унапредување на капацитетите на државните службеници во областа на родовата еднаквост и родово одговорното буџетирање.
Тој претставува центар на знаење и обезбедува истражувања, анализи и други ресурси поврзани со родовата еднаквост и родово одговорното буџетирање.
Ресурсниот центар обезбедува менторство и поддршка за вклучувањето на родовата перспектива во управувањето со јавните финансии, стратешкото планирање и креирањето на политиките на државните институции.
Работата на Ресурсниот центар се одвива во посебни простории на МТСП во центарот на Скопје и преку оваа онлајн платформа.
Ресурсниот центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање е отворен од страна на Министерството за труд и социјална политика, во рамки на проектот „Промовирање на родово одговорни политики и буџети: кон транспарентно, инклузивно и отчетно управување во Република Северна Македонија“, имплементиран од UN Women, со финансиска поддршка од Швајцарската агенција за развој и соработка и Шведската агенција за меѓународна соработка и развој – Сида.