Каталог на обуки и менторства

Барајте обука за Вас

Обуки и менторства

Филтер
Напредни обуки

Има термин

Основи на следење и евалуација на родово одговорни политики

Овој модул ги води учесниците низ евалуациски рамки и ги користи и стандардите на Обединетите нации и OECD. Целта е да се разбере како родовата перспектива е клучен елемент – и тоа не само декларативно, туку преку конкретни алатки и индикатори кои овозможуваат систематска проценка на родовите аспекти во секоја јавна интервенција.

Зошто е ова важно?

Затоа што сè почесто јавните институции се повикуваат да демонстрираат отчетност и ефективност – не само дали нешто е направено, туку и како тоа влијаело на жените и мажите, подеднакво или нееднакво. Родово-одговорната евалуација не е само технички пристап; таа претставува вредносна определба дека вредноста на јавните политики се мери и преку нивната способност да создадат поправедно општество.

20
2
15.12.2025 - 16.12.2025; 22.12.2025 - 23.12.2025
Напредни обуки

Има термин

Основи и рамки на родовата перспектива во стратешко планирање

Главната цел на обуката е да ги подготви јавните службеници/ки со теоретски знаење и практични алатки за интегрирање родов принцип во стратешкото и годишното планирање, во согласност со националните обврски кои произлегуваат од закони и методологија.
Креирањето на политиките, стратегиите, програмите и проектите со вклучување на родовата перспектива придонесува за решавањето многу развојни проблеми и донесува конкретни придобивки за владата, за поединците – жените и мажите, и за општеството во целина.
Иако кога станува збор за стратешкото планирање се смета дека најодговорни се оние кои работат директно на изготвување на стратешките планови, сепак сите се засегнати не само со
изготвувањето туку и од реализацијата на стратешките планови. Поради тоа оваа обука би била од корист за претставници од повеќе сектори на институциите.

20
2
12.11.2025 - 13.11.2025; 24.11.2025 - 25.11.2025
Напредни обуки

Има термин

Академија за зајакнување на капацитети на Истражувачкиот центар

Академијата има за цел да ги зајакне капацитетите на вработените во Министерството, со фокус на Истражувачкиот центар, во неколку области:младински политики,комуникација со јавност,спроведување на истражување,обработка на податоци и внатрешна соработка со секторите.

30
10
05.11.2025 - 05.11.2025
Напредни обуки

Има термин

Регионална обука за обучувачи за родова еднаквост и интегрирање на родовата перспектива во јавните политики и буџети- втор циклус

Целата на обуката е зајакнување на знаењата  на административните службеници од регионот   за родовата еднаквост, да се  разберат придобивките од интеграцијата на родовата перспектива во политиките и јавните буџети.

20
4
18.11.2025 - 21.11.2025
Напредни обуки

Мониторинг и евалуација на родово одговорни политики

Постојано расте интересот и потребата јавните институции и професионалците да го подигнат нивото на одговорност при спроведување мониторинг и евалуација на јавните политики. Тука ја спомнуваме и потребата од интегрирање на родовата еднаквост во сите фази од евалуацискиот процес. Овој модул има за цел да им понуди на учесниците не само знаење за меѓународните стандарди, туку и да ги поттикне да размислуваат како тие може практично да се применат во локален контекст.

Овој модул ги води учесниците низ евалуациски рамки и ги користи и стандардите на Обединетите нации и OECD. Целта е да се разбере како родовата перспектива е клучен елемент – и тоа не само декларативно, туку преку конкретни алатки и индикатори кои овозможуваат систематска проценка на родовите аспекти во секоја јавна интервенција.

Зошто е ова важно?

Затоа што сè почесто јавните институции се повикуваат да демонстрираат отчетност и ефективност – не само дали нешто е направено, туку и како тоа влијаело на жените и мажите, подеднакво или нееднакво. Родово-одговорната евалуација не е само технички пристап; таа претставува вредносна определба дека вредноста на јавните политики се мери и преку нивната способност да создадат поправедно општество.

20
2
Напредни обуки

Родово одговорно планирање

Главната цел на обуката е да ги подготви јавните службеници/ки со теоретски знаење и практични алатки за интегрирање родов принцип во стратешкото и годишното планирање, во согласност со националните обврски кои произлегуваат од закони и методологија.

Креирањето на политиките, стратегиите, програмите и проектите со вклучување на родовата перспектива придонесува за решавањето многу развојни проблеми и донесува конкретни придобивки за владата, за поединците – жените и мажите, и за општеството во целина. 

Иако кога станува збор за стратешкото планирање се смета дека најодговорни се оние кои работат директно на изготвување на стратешките планови, сепак сите се засегнати не само со изготвувањето туку и од реализацијата на стратешките планови. Поради тоа оваа обука би била од корист за претставници од повеќе сектори на институциите.

20
2
Обуки за обучувачи

Обука за обучувачи за РОБ

Да се научат учесниците на теоријата, вештините и алатките за развој и испорака на успешна програма за обука за родово одговорно буџетирање.

20
16
Останати обуки

Родова еднаквост и борба против корупција

Целта на оваа иницијатива е да се подобри способноста на специјалистите за борба против корупцијата во јавните институции да ги вклучат аспектите на родовата еднаквост во нивните напори за борба против корупцијата.

20
2
Напредни обуки
30
4
Менторска програма
30
1
Менторска програма
20
2
Менторска програма

Менторски сесии за родово одговорно буџетирање

Новите активности имаат за цел да обезбедат експертска поддршка преку организирање менторски сесии и стручни консултации за поддршка на државните службеници во ефективна примена на алатките за родово одговорно буџетирање.

Основната цел е да се осигура дека владините политики и буџети ги рефлектираат и одговараат на потребите и на жените и на мажите, особено фокусирајќи се на најранливите групи.

20
1
Основни обуки

ПРОЦЕНКА НА ВЛИЈАНИЕТО НА РЕГУЛАТИВАТА (ПВР) (РОДОВИТЕ АСПЕКТИ ВО ПРОЦЕНКАТА НА ВЛИЈАНИЕТО НА ПОЛИТИКИТЕ И РЕГУЛАТИВИТЕ)

Целта на обуката е запознавање со концептот и начинот на воведување на проценка на влијанието на регулативата во креирање на јавни полититики и регулативи, постигнување на заедничко разбирање за важноата на ПВР за подобро законодавство и подобри решенија од јавните политики, запознавање на Методологијата за ПВР, интегрирање на родовите аспекти во проценка на влијанието на политиките и регулативите и препознавање на можните импликации врз различните  групи во заедницата особено врз мажите и жените, воведно запознавање  со клучните техники за изработка на  ПВР, проценка на трошоците и ефектите од определени решенија, практична работа и примена на ex пост и ех анте оценката  на избраната политика во соработка со Министерството за социјална политика, демографија и млади и UN Women.

20
2
Менторска програма

Напредна обука за менторки

Менторската програма има за цел да ги зголеми можностите за личен и професионален развој на жените вработени во јавниот сектор преку создавање на концепт на меѓусебна поддршка и јакнење, споделување на знаења и искуства, како и јакнење на солидарноста и вмрежување помеѓу жени.

20
2
Основни обуки

Обука за Родово Одговорно Буџетирање- (Менторирање)

Дискусија околу изборот на програмите кои ќе бидат предмет на родова анализа и подготовка на  Родово буџетски изјави,  но и за  предизвиците  при вклучување на родовата перспектива во програмите и буџетите.

15
1
Основни обуки

Основна обука за родово одговорно буџетирање и негова примена во секторските политики и програми

Обуката треба да обезбеди разбирање за родовите концепти и значењето на родово одговорното буџетирање како и пециjализираните методи и алатки за родово-одговорно буџетирање вклучуваjќи и алатки за родова анализа.

20
2
Основни обуки

Основна обука за принципот на еднаквост за претставниците од општините

Министерството за труд и социјална политика организира обуки кои се дел од проектните активности во рамки на проектот ,,Зајакнување на владеење на правото и човековите права во Северна Македонија,, која е финансиски подржана од Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Обуката е наменета за административни службеници и службенички вработени во органите на локална самоуправа, додека целта на обуката е да го зголеми знаењето во однос на дискриминација и еднаквост, да ги зајакне капацитетите на вработените службеници и службенички во однос на принципите на недискриминација, механизмите за заштита, надлежните институции и релевантната домашна законска рамка и меѓународни документи.

Оваа обука е дел од серијалот наши обуки кои се одржаа во Скопје, Берово, Охрид и Дојран со учесници од општините во регионот, додека на 23 и 24 Септември обуката се одржа во просториите на Ресурсниот центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање.

20
2
Менторска програма

Менторска програма „Жени за жени„ - Менторини

Министерството за социјална политика, демографија и млади во соработка со Мисијата на ОБСЕ продолжуваа со Менторската програма "Жени за жени'' за поттикнување на професионалниот развој и лидерство на жените во јавниот сектор, наменета за жени во редовен работен однос во министерството.
Менторската програма има за цел да ги зголеми можностите за личен и професионален развој на жените вработени во јавниот сектор преку создавање на концепт на меѓусебна поддршка и јакнење, споделување на знаења и искуства, како и јакнење на солидарноста и вмрежување помеѓу жени.
Првиот циклус на обуки започна да се спроведува од септември до декември 2024 година и тоа се одржа една дводневна обука  на 4-5 септември за менторките, а потоа 25-26 септември  дводневна обука менторини и градење на односот менторка-менторирана. 
На 26 септември во просториите на Ресурсниот центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање се случи првата средба на менторките со менторините и со тоа и првата средба со цел запознавање и поставување на цели и план за заедничка работа за овој циклус кој ќе трае три месеци.
Оваа е прв циклус на Менторската програма која ќе продолжи од Јануари 2025 година преку спроведување на 2 циклуса на обуки, а нејзиното преземање понатаму да биде интегрален дел од модулите за обука во Ресурсниот центар на министерството со цел на одржливост на програмата. 

20
2
Обуки за обучувачи

Обука за обучувачи за недискриминација и должност за унапредување на еднаквоста во јавниот сектор

Целта е надоградување на знаењата и вештините на обучувачи и обучувачки за недискриминација и должност за унапредување на еднаквоста на вработените во јавниот сектор.

25
4
Основни обуки

Основна обука за родова анализа

Да се запознаат со концептот на родова анализа и придобивките од примената на родовата анализа

Да ги разберат клучните прашања и чекори за спроведување на родова анализа

Да идентификуваат кои се клучните прашања и родови аспекти по сектори

Да ја разберат важноста на проценка на влијанието на регулативата во процесот на подготвување на подобри родово одговорни политики

Да се стекнат со знаења за родова статистика и да идентификуваат релевантни извори на родова статистика

Да се запознаат со значењето на системите за следење и  евалуација

Да се запознаат со концептот на родово одговорни буџетски извештаи и нивната содржина

 

16-20
2
Обуки за обучувачи

Обука за обучувачи за РОБ

Да се научат учесниците на теоријата, вештините и алатките за развој и испорака на успешна програма за обука за родово одговорно буџетирање.

10-15
4
Основни обуки

Родово одговорно буџетирање и негова примена во секторските политики и програми

Обуката треба да обезбеди разбирање за родовите концепти и значењето на родово одговорното буџетирање како и пециjализираните методи и алатки за родово-одговорно буџетирање вклучуваjќи и алатки за родова анализа.

15-20
2
Основни обуки

Основна обука за род, родова еднаквост и воведување на родовата перспектива во јавните политики

Цели на програмата се учесниците да се стекнат со знаења за основни поими ма родова рамноправност, да ги препознаваат разликите во позициите на моќ во општеството кои се услов за родова дискриминација за да може при креирање на стратешки документи и јавни политики да ги пресретнат потребите на мажите и жените подеднакво и да застапуваат за нивно донесување и спроведување.  

18-20
2
Останати обуки

Родова еднаквост и недискриминација

Целта на програмата е учесниците да се стекнат со основните поими на родовата еднаквост и да ги препознаат социјалните диспаритети кои постојат во општеството, а кој се услов за родова дискриминација

10-30
3