Министерството за социјална политика, демографија и млади во рамките на програмата за обуки на Ресурсниот центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање од 2 до 3 септември 2024 година спроведува „Основна обука за род, родова еднаквост и воведување на родовата перспектива во јавните политики“. Обуката е наменета за административни службеници од органите на државна управа со посебен фокус на лица со релативно кратко искуство во работата, односно учесници кои досега немале можност да се запознаат длабински со концептите за родова еднаквост.

Оваа обука е дел од серијалот наши обуки за подобрување на националните механизми и унапредување на родовата еднаквост, како и можност за учење, споделување на добри практики и справување со потенцијалните предизвици.

Обуката се реализира во соработка со UN Women и техничка поддршка од Центарот за управување со промени – ЦУП.