Mинистерството за социјална политика, демографија и млади во рамките на програмата за обуки на Ресурсниот центар за Родово одговорно креирање на политики и буџетирање од 8 до 9 октомври 2024 година спроведува „Основна обука за родово одговорно буџетирање и негова примена во секторските политики и програми .
Обуката е наменета за административни службеници од органите на државна управа со посебен фокус на лица со релативно кратко искуство во работата, односно учесници кои досега немале можност да се запознаат длабински со концептите за родова еднаквост.
Со овие обуки учесниците се запознаваат со концептите и процесите на родово одговорно буџетирање, како и да ги разберат основните принципи за инклузивност и родово одговорно буџетирање и да научат да идентификуваат пристап за вклучување на родовите аспекти при креирање на јавни политики и буџет.
Обуката се реализира во соработка со UN Women и техничка поддршка од Центарот за управување со промени – ЦУП