Во Ресурсниот центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање, денес започна дводнева обука за родова анализа на третиот модул од циклусот на обуки за родово одговорно буџетирање.
На обуката се опфатени теми од родовата анализа, поим, разбирање и чекори за спроведување на родовата анализа.
Обуката се спроведува во рамките на Годишниот план и програма за работа на Ресурсниот центар за креирање на родово одговорни политики и буџетирање за 2025 година.
Обуката ја организираме со експертска поддршка на UN Women, а спроведена од Центарот за управување со поромени, како и од вработените на Секторот за еднакви можности- одделение за родово одговорни политики и родово одговорно буџетирање при Министерство за социјална политика, демографија и млади.