Ресурсниот центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање беше местото каде се одржа консултативна средба за воспоставување формат на регистер за бездомништво, во рамки на проектот „ComeHome - Combating Homelessness in the Western Balkans“, а организирана од Министерство за социјална политика, демографија и млади и Здружение на граѓани Љубезност.
Целта на средбата беше да се идентификува постоечката состојба со бездомништвото и можностите како таа да се подобри. Дискусиите беа во насока на добивање квалитетни и систематизирани податоци за оваа целна група, како неопходен предуслов за подобрување на нивниот моментален статус, како и креирање и донесување на идни квалитетни политики во оваа област. Учесници беа претставници на Министерството за социјална политика, демографија и млади, Заводот за социјални дејности и ЈУМЦСР на Град Скопје. Работата на темата ќе продолжи со формирање на работна група надополнета со претставници од други институции, се до конечен предлог формат на регистар за бездомништво.
Проектот „ComHome“ се реализира во соработка меѓу Здружение на граѓани Љубезност, АДРА Австрија и АДРА Србија и македонските партнери СОНЦЕ и РРЦ. Неговата реализација е овозможена со финансиска поддршка од Сојузното Министерство за труд, социјални работи, здравство, грижа и заштита на потрошувачите на Република Австрија во РСМ.