Министерството за социјална политика, демографија и млади во соработка со Мисијата на ОБСЕ продолжуваа со Менторската програма "Жени за жени'' за поттикнување на професионалниот развој и лидерство на жените во јавниот сектор, наменета за жени во редовен работен однос во министерството.
Менторската програма има за цел да ги зголеми можностите за личен и професионален развој на жените вработени во јавниот сектор преку создавање на концепт на меѓусебна поддршка и јакнење, споделување на знаења и искуства, како и јакнење на солидарноста и вмрежување помеѓу жени.
На 8 и 9 април во просториите на Ресурсниот центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање се одржува работилница за напредни менторски вештини
Првиот циклус на обуки започна да се спроведува од септември до декември 2024 година.
Вториот циклус на обука ќе се одржи на 14 и 15 април започнувајќи со основна обука за градење на односот менторка-менторирана.
Планирано е Менторската програма да биде интегрален дел од модулите за обука во Ресурсниот центар на министерството.