Во тек е одржување на менторски сесии за родово одговорно буџетирање за институциите на централно ниво
Менторските сесии се насочени кон активности кои имаат за цел да обезбедат експертска поддршка преку организирање менторски сесии и стручни консултации за поддршка на државните службеници во ефективна примена на алатките за родово одговорно буџетирање.
Во текот на оваа недела одржавме менторски сесии со претставници од Министерство за енергетика рударство и минерални суровини, Агенција за катастар на недвижности
Агенција за слободен пристап до информации од јавен карактер, Државна комисија за спречување на корупција, Министерство за европски прашања и Министерство за правда кои се вклучени во процесот на креирање на програми и буџети.
Сесиите ги спроведува Секторот за еднакви можности – одделение за родово одговорни политики и родово одговорно буџетирање со експертска поддршка на UN WOMEN и ЦУП.