Министерството за труд и социјална политика во Ресурсниот центар за креирање на политики и родово одговорно буџетирање од 4 до 8 април 2022 година организираше сет на работилници за „Креирање родови индикатори: предизвици и потешкотии“.

Целта на работилниците е да се зајакнат капацитетите на институциите во имплементирање на процесите за родово одговорно буџетирање.

На работилниците учествуваа претставници од секторите за стратешко планирање, буџет и координаторите/ките за еднакви можности на жените и мажите од сите министерства.

Работилниците се организирани во рамките на проектот „Унапредување на институционализацијата на родово одговорно буџетирање преку систематска интеграција на родовата перспектива во стратешкото планирање и програмирање на владините институции во Северна Македонија“, како дел од проектот на UN Women „Промовирање на родово одговорни политики и буџети: кон транспарентно, инклузивно и отчетно управување во Република Северна Македонија“, поддржан од Швајцарија и Шведска.