На 3 март 2022 година свечено се отвори Ресурсниот центар за родово одговорно креирање политки и буџетирање од страна на МТСП, а со поддршка на UN women канцеларијата во Скопје.

На отворањето се обратија г-а Јованка Тренчевска, Министерка за труд и социјална политика, Н.Е. Вероник Улман Марти, Амбасадорка на Швајцарија во Република Северна Македонија, Н.Е. Кристин Форсгрен Бенгтсон, Амбасадорка на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, г-ѓа Блерта Цела, Заменик регионална директорка на канцеларијата на UN Women во Европа и Централна Азија, кои зборуваа за вредноста на овој центар. Г-ѓа Светлана Цветковска, Раководителка на Сектор за еднакви можности и г-ѓа Искра Белчева-Ристовска, проектен координатор во Центарот за управување со промени, ги претставија претстојните активности на центарот, онлајн платформата за Ресурсниот центар и плановите за развој.