Втор циклус на обуки од Менторската програма ,,Жени за жени‘‘

Министерството за социјална политика, демографија и млади во соработка со Мисијата на ОБСЕ продолжуваа со Менторската програма "Жени за жени'' за поттикнување на професионалниот развој и лидерство на жените во јавниот сектор, наменета за жени во редовен работен однос во министерството. Во Ресурсниот центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање на 14 и 15 април 2025 година се одржа дводневна обука за менторки.

Оваа програма има за цел да го поддржи професионалниот и личниот развој на жените вработени во јавниот сектор преку создавање концепт на меѓусебна поддршка, споделување на знаења и искуство, како и јакнење на солидарноста и вмрежување меѓу жените.

Ова е втор циклус на Менторската програма која се реализира  во 2025 година преку спроведување на 2 циклуса на обуки, а нејзиното преземање понатаму да биде интегрален дел од модулите за обука во Ресурсниот центар на министерството со цел на одржливост на програмата.