Ресурсниот центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање секојдневно се залага во исполнување на својата цел. Неговата работа е насочена кон внесување на родова сензитивност во јавната администрација и поголемо застапување на родовата еднаквост во секојдневните практики на општествената заедница.

Центарот кој што е дел од Министерството за труд и социјална политика спроведува обуки со цел зајакнување на капацитетите на јавната администрација од родова перспектива. Покрај обуките Ресурсниот центар во својата електронска и физичка библиотека располага со голем број на публикации коишто придонесуваат во зголемување на родовата сензитивност и добивање на подобра слика за тоа што се случува во светот и кај нас, кои практики се позитивни и кои треба да се одбегнуваат.

Во библиотеката можете да ја пронајдете листата на сите публикации во електронска и физичка форма кои се дел од Ресурсниот центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање.

https://mtspresursencentar.mk/resource-center