Во Ресурсниот центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање во тек е одржување на тродневна обука за обучувачи за родово одговорно буџетирање четврти модул од циклусот на обуки за родово одговорно буџетирање.
Целта на обуката е учесниците да ги зајакнат капацитетите и вештините за развој и испорака на успешна програма за обука на родово одговорно буџетирање.
Обуката ја организираме со експертска поддршка на UN Women, а спроведена од Центарот за управување со промени, како и од вработените на Секторот за еднакви можности- одделение за родово одговорни политики и родово одговорно буџетирање при Министерство за социјална политика, демографија и млади.