Денес во Ресурсниот центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање се одржа менторски состанок со четири институции кои ке бидат вклучени во процесот на родово одговорно буџетирање.Имајќи ја во предвид важноста, а со цел продолжување на процесот на родово одговорно буџетирање и унапредување на капацитетите на државните службеници во областа на родовата еднаквост и родово одговорното буџетирање на состанокот се дискутираше околу подготовката на Родово буџетска изјава за 2024 година, но и за предизвиците при вклучување на родовата перспектива во програмите и буџетите.