Министерката за труд и социјална политика денеска оствари средба со претставничките на UN Women – Скопје. На средбата се разговараше заразличните форми на насилтво врз жените, за соработка и за промоција на родово одговорните политики и буџетирање, како и за новиот Закон за родова еднаквост и за воспоставуањето на првиот Ресурсен центар за креирање политики и буџетирање.
Министерката Тренчевска посочи дека Република Северна Македонија има преземено и понатаму ќе превзема чекори во обезбедување заштита на еднаквоста меѓу мажите и жените. Во таа насока, рече Тренчевска е и донесувањето на новиот Закон за родова еднаквост.
„Нема да застанеме се додека не воспоставиме целосен баланс во родовата еднаквост. Ќе продолжиме да воведуваме механизми за унапредување и зајакнување на родовата еднаквост. Со новиот Закон за родова еднаквост ќе воспоставиме конкретни мерки за постигнување на родов баланс во сите јавни институции со тоа што ќе преземат законски мерки за овозможување на побалансирано учество на жените и мажите во јавниот живот и во одлучувањето. Само со вистинска еднаквост помеѓу мажите и жените ќе имаме едно праведно и демократско општество кое се заснова врз владеење на правото, рече Тренчевска.
Раководителката на канцеларијата на UN Women Весна Ивановиќ - Кастаред и програмската координаторка на проектот за родово – одговорно буџетирање, Ивона Паунович – Бишеац, на средбата го промовираа одбележувањето на значајни датуми поврзани со родовата еднаквост. Во пресрет на Меѓународниот ден на жените 8 – март, посочија дека со кампањата која ќе трае 10 дена ќе се спротивстават на стереотипите кои ги ограничуваат жените и девојките во нивната еднаквост.
Соговорничките заклучија дека Република Северна Македонија има голем напредок во родовата еднаквост, но дека и понатаму активно треба да се зајакнува улогата на жените во општеството.