За обуката
Постојано расте интересот и потребата јавните институции и професионалците да го подигнат нивото на одговорност при спроведување мониторинг и евалуација на јавните политики. Тука ја спомнуваме и потребата од интегрирање на родовата еднаквост во сите фази од евалуацискиот процес. Овој модул има за цел да им понуди на учесниците не само знаење за меѓународните стандарди, туку и да ги поттикне да размислуваат како тие може практично да се применат во локален контекст.
Овој модул ги води учесниците низ евалуациски рамки и ги користи и стандардите на Обединетите нации и OECD. Целта е да се разбере како родовата перспектива е клучен елемент – и тоа не само декларативно, туку преку конкретни алатки и индикатори кои овозможуваат систематска проценка на родовите аспекти во секоја јавна интервенција.
Зошто е ова важно?
Затоа што сè почесто јавните институции се повикуваат да демонстрираат отчетност и ефективност – не само дали нешто е направено, туку и како тоа влијаело на жените и мажите, подеднакво или нееднакво. Родово-одговорната евалуација не е само технички пристап; таа претставува вредносна определба дека вредноста на јавните политики се мери и преку нивната способност да создадат поправедно општество.
Резултати од обуката
Овој модул има за цел да ги:
- Поттикне учесниците да ги разберат основните поими и принципи на родово-одговорна евалуација;
- Подготви да препознаваат, анализираат и применуваат етички и технички критериуми при дизајнирање и спроведување на родово-сензитивни евалуации;
Овој модул подготвува за:
- Повисоко ниво на аналитичка компетентност кај службениците и аналитичарите;
- Поголема усогласеност со меѓународни стандарди при изготвување политики и извештаи;
- Поттикнување институционална култура на родова отчетност.
На крајот од модулот, учесниците ќе се чувствуваат сигурно да иницираат, применат и оценат родово-одговорни евалуациски процеси.
Нема закажани термини за обуката.
Нема закажани термини за обуката.