Менторската програма „Жени за жени„-Менторини

Сподели

За обуката

Министерството за социјална политика, демографија и млади во соработка со Мисијата на ОБСЕ продолжуваа со Менторската програма "Жени за жени'' за поттикнување на професионалниот развој и лидерство на жените во јавниот сектор, наменета за жени во редовен работен однос во министерството.
Менторската програма има за цел да ги зголеми можностите за личен и професионален развој на жените вработени во јавниот сектор преку создавање на концепт на меѓусебна поддршка и јакнење, споделување на знаења и искуства, како и јакнење на солидарноста и вмрежување помеѓу жени.
Првиот циклус на обуки започна да се спроведува од септември до декември 2024 година и тоа се одржа една дводневна обука  на 4-5 септември за менторките, а потоа 25-26 септември  дводневна обука менторини и градење на односот менторка-менторирана. 
На 26 септември во просториите на Ресурсниот центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање се случи првата средба на менторките со менторините и со тоа и првата средба со цел запознавање и поставување на цели и план за заедничка работа за овој циклус кој ќе трае три месеци.
Оваа е прв циклус на Менторската програма која ќе продолжи од Јануари 2025 година преку спроведување на 2 циклуса на обуки, а нејзиното преземање понатаму да биде интегрален дел од модулите за обука во Ресурсниот центар на министерството со цел на одржливост на програмата. 

Резултати од обуката

Времетраење
2 дена
Сесии
2
Часа
8
Учесници
20

Контакт за повеќе информации:

gabriela.madzoska@mtsp.gov.mk

Нема закажани термини за обуката.

Времетраење
2 дена
Сесии
2
Часа
8
Учесници
20

Контакт за повеќе информации:

gabriela.madzoska@mtsp.gov.mk

Нема закажани термини за обуката.

Контактирајте не преку овој формулар