За ресурсниот центар

Повеќе за нас

За ресурсниот центар

Ресурсниот центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање е формиран од страна на Министерството за социјална политика, демографија и млади (МСПДМ) во 2022 година.

Ресурсниот центар обезбедува обуки за унапредување на капацитетите на државните службеници во областа на родовата еднаквост и родово одговорното буџетирање.

Тој претставува центар на знаење и обезбедува истражувања, анализи и други ресурси поврзани со родовата еднаквост и родово одговорното буџетирање.

Ресурсниот центар обезбедува менторство и поддршка за вклучувањето на родовата перспектива во управувањето со јавните финансии, стратешкото планирање и креирањето на политиките на државните институции.

Ресурсниот центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање е отворен од страна на Министерството за социјална политика, демографија и млади, во рамки на проектот „Промовирање на родово одговорни политики и буџети: кон транспарентно, инклузивно и отчетно управување во Република Северна Македонија“, имплементиран од UN Women, со финансиска поддршка од Швајцарската агенција за развој и соработка и Шведската агенција за меѓународна соработка и развој – Сида.