За настанот
Дата: 23.06.2025 09:00
Извештајот подготвен од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација со поддршка од проектот "Поддршка на ЕУ за владеење на правото ", претставува значаен чекор во насока на унапредување на пристапот до правда за една од најмаргинализираните групи во општеството -жените и девојчињата Ромки. Настанот овозможи конструктивна размена на мислења и отвори можности за понатамошна соработка меѓу сите релевантни чинители.