За настанот
Дата: 16.05.2025 09:00
Министерството за социјална политика, демографија и млади започна со подготовка на Национална стратегија за превенција и заштита од родово базирано насилство врз жени и семејно насилство 2026-2033. Агенциите на Обединети Нации во државата (UNFPA, UN Women и UNDP) го поддржуваат овој процес преку ангажирање на национални консултанти за поддршка во спроведувањето на анализа на состојбата и формулирањето на нацрт стратегијата.
Во насока на обезбедување на широк консултативен процес предвидено е организирање на регионални форуми за практичари од ЕЛС, институциите, правосудството и ГОи за адресирање на предизвиците и интегрирање на предлози за подобрување на институционалниот одговор кон насилството врз жените и семејното насилство.