Интер ресорска консултативна и советодавна група за еднакви можности на жените и мажите (ИРГ) е формирана со Одлука на Владата на Република Северна Македонија бр.50-5593/12 на 05.08.2025 година и Решение за именување на членови на интер-ресорска консултативна и советодавна група за еднакви можности на жените и мажите бр.50-5593/14 од 19.08.2025 година.
ИРГ е составена од 25 члена назначени од Владата, од кои 17 членови се од редот на вработените во органите на државна управа.