Состанок посветен на ,, Имплементација на ревидираните Стандардни Оперативни процедури за жртви на трговија со луѓе“ организиран во име на Националната комисија за борба против трговија со луѓе, а поддржан од регионалниот проект на Европска унија,, Поддршка на ЕУ за зајакнување на борбата против криумчарењето мигранти и трговија со луѓе од Западен Балкан“ (EU4FAST).Целта на овој состанок е да обезбеди поддршка на понатамошната имплементација на СОП за жртви на трговија со луѓе , и да овозможи осврт на постигнатиот напредок во имплементацијата на реведираните СОП во предходниот период, како и размена на искуства и мислења од страна на чинителите од релевантните институции вклучени во мултидисциплинарната идентификација и упатување на жртви.