Цели на програмата се учесниците да се стекнат со знаења за основни поими ма родова рамноправност, да ги препознаваат разликите во позициите на моќ во општеството кои се услов за родова дискриминација за да може при креирање на стратешки документи и јавни политики да ги пресретнат потребите на мажите и жените подеднакво и да застапуваат за нивно донесување и спроведување.
Обуката треба да обезбеди разбирање за родовите концепти и значењето на родово одговорното буџетирање како и пециjализираните методи и алатки за родово-одговорно буџетирање вклучуваjќи и алатки за родова анализа.
Да се научат учесниците на теоријата, вештините и алатките за развој и испорака на успешна програма за обука за родово одговорно буџетирање.
Да се запознаат со концептот на родова анализа и придобивките од примената на родовата анализа
Да ги разберат клучните прашања и чекори за спроведување на родова анализа
Да идентификуваат кои се клучните прашања и родови аспекти по сектори
Да ја разберат важноста на проценка на влијанието на регулативата во процесот на подготвување на подобри родово одговорни политики
Да се стекнат со знаења за родова статистика и да идентификуваат релевантни извори на родова статистика
Да се запознаат со значењето на системите за следење и евалуација
Да се запознаат со концептот на родово одговорни буџетски извештаи и нивната содржина
Министерството за труд и социјална политика постави модули за родово базирано насилство со цел зајакнување на капацитетите на јавната администрација и на пошироката јавност.
Министерството за труд и социјална политика ја организира регионалната конференција „Родово одговорни политики – Добри пракси и предизвици од регионот“. Конференцијата е организирана заедно со канцеларијата на UN Woman во Скопје со поддршката на Швајцарија и Шведска. Предвидено е да трае 2 дена во присуство на претставници од регионот коишто се занимаваат со предизвиците поврзани со родовата еднаквост.
Во Ресурсниот центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање денеска започна третата обука на тема Родова анализа која ќе се одржува два дена.
Во Ресурсниот центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање се одржа јавна дебата за предлог Законот за родова еднаквост на кој присуствуваше Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и претставници од министерствата и сите останати релевантни институции.
Во Ресурсниот центар за родово договорно креирање на политики и буџетирање во тек е „Основната обука за родово одговорно буџетирање и негова примена во секторските политики и програми“.
Министерството за труд и социјална политика во Ресурсниот центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање одржа Обука за недискриминација, права и законски алатки за спречување и заштита од дискриминација како и Информативна сесија за бесплатна правна помош.
Основни обуки
Напредни обуки
Обуки за обучувачи
Е-учење
Останати обуки
„Учествував на можеби најинтересната обука до сега за мене. Обучувачите беа многу подготвени, а обуката од организациски аспект беше одлична.“
„Благодарам многу на тимот од тренинг центарот за одличната обука. Стекнатите вештини ќе ми значат многу за мојот кариерен развој.“
Ул. Македонија, бр.22, Скопје
Пон.-Пет. 08:30-16:30
Можете да ни се обратите на телефон, на е-пошта или физички во нашите простории