Во текот на октомври и ноември 2025 година, во Ресурсниот центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање се одржува Академија за зајакнување на капацитети на Истражувачки центар на Министерството за социјална политика, демографија и млади.
Академијата има за цел да ги зајакне капацитетите на вработените во Министерство за социјална политика, демографија и млади со фокус на Истражувачкиот центар, во неколку области младински политики, комуникација со јавност, спроведување на истражување, обработка на податоци и внатрешна соработка со секторите.
Академијата е дел од проектот " Практикувај Демокртија " кој Фондацијата за демократија на Вестминстер го спроведува со поддршка од Британската Амбасада во Скопје.








