На 24 декември 2025 година, во Ресурсниот центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање, успешно се одржа Основна обука за родово одговорно буџетирање.

Обуката беше наменета за административни службеници со кратко работно искуство и учесници кои досега немале можност да се запознаат со концептите на родова еднаквост, а се директно вклучени во креирање на политики, програми и буџети во своите институции.

Учесниците се стекнаа со основни знаења за принципите на родово одговорно буџетирање, интегрирањето на родовата перспектива во јавните политики и буџетските процеси, како и за улогата на институциите во унапредување на родовата еднаквост.

Обуката ја спроведоа вработени од Одделението за родово одговорни политики и родово одговорно буџетирање при Секторот за еднакви можности, заедно со административни службеници – обучувачи, кои со својата експертиза и практично искуство придонесоа за успешна реализација на обуката.

Оваа активност е дел од континуираните напори за зајакнување на капацитетите на институциите и промоција на родово одговорното креирање и спроведување на јавните политики и буџети.