Ресурсниот центар за родово одговорни политики и буџетирање на 24 и 25 ноември 2025 година успешно ја реализира втората обуката „Основи и рамка на родовата перспектива во стратешкото планирање“, наменета за административни службеници од различни институции. Обуката беше одлична можност за продлабочување на знаењата и практичните вештини потребни за интегрирање на родовата перспектива во процесите на стратешко планирање и креирање јавни политики.
Учесниците имаа можност да стекнат цврсто разбирање на основните концепти поврзани со родот и родовата еднаквост, да научат како се применуваат алатки за родова анализа во институционалниот контекст и да го продлабочат знаења за системско интегрирање на родовата перспектива во сите фази на стратешко планирање – од анализа, поставување цели и индикатори, до буџетирање и евалуација.
Особено значајни беа практичните вежби, дискусии и анализи на студии на случај, кои им овозможија на учесниците да ги применат стекнатите знаења во реални сценарија. Овој практичен пристап ја засили свесноста за важноста на родово одговорното планирање и покажа конкретни начини како институциите можат да ги унапредат постоечките процеси и документи.
Обуката ја организираме со експертска поддршка на UN Women, а спроведена од Центарот за управување со промени, како и од вработените на Секторот за еднакви можности- одделение за родово одговорни политики и родово одговорно буџетирање при Министерство за социјална политика, демографија и млади.








