На 30 септември и 1 октомври, Ресурсниот центар за родово одговорни политики и буџетирање успешно ја реализирање обуката „Основи и рамка на родовата перспектива во стратешкото планирање“, наменета за административни службеници од различни институции на централно ниво.
Учесниците се запознаа со основните концепти поврзани со родот и родовата еднаквост, алатките за родова анализа и начините за системско вклучување на родовата перспектива во сите фази на стратешкото планирање – од анализа и поставување цели и индикатори, до буџетирање и евалуација.
Обуката беше можност за унапредување на знаењата и практичните вештини за интегрирање на родовата перспектива во стратешкото планирање и креирањето јавни политики.
Посебен акцент беше ставен на практичната работа преку вежби, дискусии и студии на случај, со цел стекнатите знаења да се применат во реални институционални ситуации.
Обуката ја организираше Одделението за родово одговорни политики и родово одговорно буџетирање при Секторот за еднакви можности – МСПДМ, со поддршка на проектот финансиран од Европската Унија „Техничка поддршка за подобрување на овозможувачката средина за граѓанските организации во Република Северна Македонија“.
Преку ваквите активности се јакнат институционалните капацитети и се создаваат услови за поефикасно и систематско интегрирање на родовата перспектива во јавните политики и стратешкото планирање.







.jpg)