На вториот ден од одржување на летната школа,
учесниците презентираа за политиките и механизмите за родова еднаквост во своите држави, како и за предизвиците со кои се соочуваат при нивна реализација.
Преку студии на случај учесниците практично дефинираа активности, предлагаа решенија за воведување и спроведување на родовата еднаквост.
Во рамките на школата, учесниците имаа можност да го посетат Собранието на Република Северна Македонија и да се запознаат со историјата, организацијата и функционирањето на истото.







