Министерството за социјална политика демографија и млади во соработка со Германското друштво за меѓународна соработка- ГИЗ организираше летна школа која се одржа од 25 – 28 Август во Ресурсниот центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање.
Летната школа беше организирана во четиридневна агенда, преку теоретски презентации, практични вежби и студии на случаи, и ги обедини младите од регионот: Србија, Албанија Црна Гора, Босна и Херцеговина, Косово и Северна Македонија– вработени во администрацијата. Учесниците се запозна со основните принципи на родовата еднаквост, стратешки пристап на родовата перспектива во јавните политики, родовите анализи и статистики и родово одговорното буџетирање.
Исто така, во текот на летна школа учесниците беа вклучени во активни дискусии и презентации, посета на Собранието на Република Северна Македонија и Стара чаршија преку кои ги продлабочија своите знаењата за родовата еднаквост и придобивките од интеграцијата на родовата перспектива во политиките и јавните буџети.








