На 17 и 18 ноември, Ресурсниот центар за родово одговорно креирање политики и буџетирање успешно ја реализираше обуката „Основи и рамка на родовата перспектива во стратешкото планирање“, наменета за административни службеници од единиците на локалната самоуправа.
Учесниците ги унапредија своите знаења за можностите за интегрирање на родовата перспектива во процесот на стратешко планирање, со посебен фокус на анализата на состојбите, утврдувањето приоритети, дефинирањето стратешки цели и индикатори, како и следењето и евалуацијата на постигнатите резултати.
Обуката претставуваше можност за унапредување на знаењата и практичните вештини на учесниците за интегрирање на родовата перспектива во процесите на локално стратешко планирање и креирање јавни политики.
Обуката ја организираше Одделението за родово одговорни политики и родово одговорно буџетирање при Секторот за еднакви можности – МСПДМ, со поддршка на проектот финансиран од Европската Унија „Техничка поддршка за подобрување на овозможувачката средина за граѓанските организации во Република Северна Македонија“.
Преку ваквите активности се зајакнуваат капацитетите на локалната самоуправа и се создаваат услови за поефикасно и систематско интегрирање на родовата перспектива во локалните јавни политики и стратешкото планирање.
.jpg)



.jpg)



