Министерството за труд и социјална политика, во рамки на програмaта за обуки на Ресурсниот центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање, објавува повик за учество на обуката „Основна обука за род, родова еднаквост и воведување на родовата перспектива во јавните политики„, која ќе се одржи на 17 и 18 октомври 2022 година.
Обуката е наменета за административни службеници вработени во министерствата со релативно кратко искуство во работата, најдобро лица кои започнале со работа во институциите во последните три години, односно учесници кои досега немале можност да се запознаат длабински со концептите за родова еднаквост.
При пријавување на обуката ресорните министерства ќе бидат известени за поттикнување на вработените за учество на обуката.
Врз основа на овие критериуми ќе биде селектирана група од најмногу 20 учесници.
Обуките ќе бидат организирани во Ресурсниот центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање на МТСП, на улица „Македонија“ бр. 22, во Скопје.
Заинтересираните можат да се пријават на следниот линк најдоцна до 10 октомври 2022 година:
Избраните учеснички и учесници ќе бидат контактирани со повеќе детали.
Обуките се реализираат во рамките на проектот „Промовирање на родово одговорни политики и буџети: кон транспарентно, инклузивно и отчетно управување во Република Северна Македонија" подржан од UN Women, финансиран од Швајцарија и Шведска во соработка Центарот за управување со промени.