Министерството за социјална политика, демографија и млади во насоки на спроведувањето на Стратегијата за родова еднаквост 2022-2027 започна со процес на изработка на Национален акциски план за родова еднаквост 2025-2027.
За таа цел, денес во Ресурсниот центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање се одржа средба на Работна група за изработка на Национален акциски план за родова еднаквост 2025-2027 на која се дискутираше за среднорочната еваулација на Стратегијата за родова еднаквост 2022-2027 која ќе биде основа за изработка на Националниот акциски план за родова еднаквост 2025-2027.
Работната група е составена од експерти поддржани од UN Woman за водење на проект и членови номинирани од Министерство за социјална политика, демографија и млади и координатори/ки и заменички координатори/ки за еднакви можности од релевантното министерство, институции, граѓански организации и мрежи.