Настани

Интервјуа, Работилници, Јавни настани

Настани

Имплементација на ревидираните Стандардни Оперативни Проецедури за жртви на трговија со луѓе

28.04.2026

Состанок посветен на ,, Имплементација на ревидираните Стандардни Оперативни процедури за жртви на трговија со луѓе“ организиран во име на Националната комисија  за борба против трговија со луѓе, а поддржан од регионалниот проект на Европска унија,, Поддршка на ЕУ за зајакнување на борбата против криумчарењето мигранти и трговија со луѓе од Западен Балкан“ (EU4FAST).Целта  на овој состанок е да обезбеди поддршка на   понатамошната имплементација на СОП  за жртви на трговија со луѓе , и да овозможи осврт на постигнатиот напредок  во имплементацијата на реведираните СОП во предходниот период, како и размена на искуства  и мислења од страна на чинителите  од релевантните институции вклучени во мултидисциплинарната идентификација и упатување на жртви.

Сподели:

Работна средба „Застапеност и влијание на жените во политиката и постигнување на паритет 50/50“

21.04.2026

На 21 април,  во Ресурсниот центар за родово одговорно креирање политики и буџетирање, се одржа работна средба на тема „Застапеност и влијание на жените во политиката и постигнување на паритет 50/50“. Целта на средбата беше да се отвори дискусија за постојните предизвици во законодавството и во практиката во однос на застапеноста и влијанието на жените во политиката, како и да се разгледаат конкретни предлози за унапредување на Изборниот законик во насока на постигнување паритет 50/50 на локално и национално ниво. На средбата учествуваа преставнички на Министерството за социјална политика, демографија и млади, Министерството за правда, членки на Интер ресорската група за еднакви можности на жените и мажите, како и граѓански организации кои работат во областа на родова еднаквост.

Сподели:

Работно тело за СУРС

10.11.2025

Сподели:

Промоција на анализа на родовиот јаз во управувањето со јавните финансии

31.10.2025

Јавните финансии се една од трите области вклучени во принципот „најпрво основите“ на Северна Македонија во процесот на интеграција во ЕУ, кој исто така вклучува реформи во јавната администрација и економското управување. Според тематскиот приоритет за добро управување, целта е да се „зајакне системот на јавни финансии, промовирајќи транспарентност, отчетност, фискална дисциплина и ефикасност во собирањето, управувањето и користењето на јавните ресурси“. Вклучувањето на родовата перспектива во управувањето со јавните финансии се однесува на интеграција на родовата перспектива низ целиот буџетски циклус - родово буџетирање.

Сподели: