Цели на програмата се учесниците да се стекнат со знаења за основни поими ма родова рамноправност, да ги препознаваат разликите во позициите на моќ во општеството кои се услов за родова дискриминација за да може при креирање на стратешки документи и јавни политики да ги пресретнат потребите на мажите и жените подеднакво и да застапуваат за нивно донесување и спроведување.
Обуката треба да обезбеди разбирање за родовите концепти и значењето на родово одговорното буџетирање како и пециjализираните методи и алатки за родово-одговорно буџетирање вклучуваjќи и алатки за родова анализа.
Да се запознаат со концептот на родова анализа и придобивките од примената на родовата анализа
Да ги разберат клучните прашања и чекори за спроведување на родова анализа
Да идентификуваат кои се клучните прашања и родови аспекти по сектори
Да ја разберат важноста на проценка на влијанието на регулативата во процесот на подготвување на подобри родово одговорни политики
Да се стекнат со знаења за родова статистика и да идентификуваат релевантни извори на родова статистика
Да се запознаат со значењето на системите за следење и евалуација
Да се запознаат со концептот на родово одговорни буџетски извештаи и нивната содржина
Дискусија околу изборот на програмите кои ќе бидат предмет на родова анализа и подготовка на Родово буџетски изјави, но и за предизвиците при вклучување на родовата перспектива во програмите и буџетите.
Менторската програма има за цел да ги зголеми можностите за личен и професионален развој на жените вработени во јавниот сектор преку создавање на концепт на меѓусебна поддршка и јакнење, споделување на знаења и искуства, како и јакнење на солидарноста и вмрежување помеѓу жени.
Целта на обуката е запознавање со концептот и начинот на воведување на проценка на влијанието на регулативата во креирање на јавни полититики и регулативи, постигнување на заедничко разбирање за важноата на ПВР за подобро законодавство и подобри решенија од јавните политики, запознавање на Методологијата за ПВР, интегрирање на родовите аспекти во проценка на влијанието на политиките и регулативите и препознавање на можните импликации врз различните групи во заедницата особено врз мажите и жените, воведно запознавање со клучните техники за изработка на ПВР, проценка на трошоците и ефектите од определени решенија, практична работа и примена на ex пост и ех анте оценката на избраната политика во соработка со Министерството за социјална политика, демографија и млади и UN Women.
Целта на оваа иницијатива е да се подобри способноста на специјалистите за борба против корупцијата во јавните институции да ги вклучат аспектите на родовата еднаквост во нивните напори за борба против корупцијата.
Главната цел на обуката е да ги подготви јавните службеници/ки со теоретски знаење и практични алатки за интегрирање родов принцип во стратешкото и годишното планирање, во согласност со националните обврски кои произлегуваат од закони и методологија.
Креирањето на политиките, стратегиите, програмите и проектите со вклучување на родовата перспектива придонесува за решавањето многу развојни проблеми и донесува конкретни придобивки за владата, за поединците – жените и мажите, и за општеството во целина.
Иако кога станува збор за стратешкото планирање се смета дека најодговорни се оние кои работат директно на изготвување на стратешките планови, сепак сите се засегнати не само со
изготвувањето туку и од реализацијата на стратешките планови. Поради тоа оваа обука би била од корист за претставници од повеќе сектори на институциите.
Ресурсниот центар за родово одговорни политики и буџетирање на 24 и 25 ноември 2025 година успешно ја реализира втората обуката „Основи и рамка на родовата перспектива во стратешкото планирање“, наменета за административни службеници од различни институции.
Министерството за социјална политика, демографија и млади во соработка со Мисијата на ОБСЕ во септември 2024 година ја започна Менторската програма „Жени за жени“ за поттикнување на професионалниот развој и лидерство на жените во јавниот сектор, наменета за жени во редовен работен однос во министерството.
Министерството за социјална политика, демографија и млади, поддржана од Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) преку регионалните проекти за Социјално вклучување на групите во неповолна положба во Западен Балкан и Регионална соработка за интеграција во ЕУ во рамките на проектот Социјално вклучување на групите во неповолна положба – (SoRi III), финансиран од GIZ, реализираше Регионална обука за обучувачи која имаше за цел да изгради група квалификувани државни службеници кои се опремени за промовирање и институционализирање на родовата еднаквост во јавните институции за земјите од Западен Балкан.
Ресурсниот центар за родово одговорни политики и буџетирање на 11 и 12 ноември 2025 година успешно ја реализира обуката „Основи и рамка на родовата перспектива во стратешкото планирање“, наменета за административни службеници од различни институции. Обуката беше одлична можност за продлабочување на знаењата и практичните вештини потребни за интегрирање на родовата перспектива во процесите на стратешко планирање и креирање јавни политики. Учесниците имаа можност да стекнат цврсто разбирање на основните концепти поврзани со родот и родовата еднаквост, да научат како се применуваат алатки за родова анализа во институционалниот контекст и да го продлабочат знаења за системско интегрирање на родовата перспектива во сите фази на стратешко планирање – од анализа, поставување цели и индикатори, до буџетирање и евалуација. Особено значајни беа практичните вежби, дискусии и анализи на студии на случај, кои им овозможија на учесниците да ги применат стекнатите знаења во реални сценарија. Овој практичен пристап ја засили свесноста за важноста на родово одговорното планирање и покажа конкретни начини како институциите можат да ги унапредат постоечките процеси и документи. Обуката ја организираме со експертска поддршка на UN Women, а спроведена од Центарот за управување со промени, како и од вработените на Секторот за еднакви можности- одделение за родово одговорни политики и родово одговорно буџетирање при Министерство за социјална политика, демографија и млади.
Во Ресусниот центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање во текот на оваа недела се спроведоа две дводневни обуки за родовата еднаквост и антикорупцијата во соработка на UN Women и Канцеларијата на заменик-претседателот на Владата задолжен за политики за добро владеење,со поддршка на Министерството за социјална политика, демографија и млади и Шведска.
Во текот на октомври и ноември 2025 година, во Ресурсниот центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање се одржува Академија за зајакнување на капацитети на Истражувачки центар на Министерството за социјална политика, демографија и млади.
Основни обуки
Напредни обуки
Обуки за обучувачи
Е-учење
Останати обуки
Менторска програма
„Учествував на можеби најинтересната обука до сега за мене. Обучувачите беа многу подготвени, а обуката од организациски аспект беше одлична.“
„Благодарам многу на тимот од тренинг центарот за одличната обука. Стекнатите вештини ќе ми значат многу за мојот кариерен развој.“

Ул. Македонија, бр.22, Скопје



Пон.-Пет. 08:30-16:30

Можете да ни се обратите на телефон, на е-пошта или физички во нашите простории