На 14 и 15 септември 2026 година, во Ресурсниот центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање во Скопје, успешно беше реализирана „Основна обука за родова анализа“, наменета за административни службеници на централно ниво.
Во текот на дводневната обука, учесниците имаа можност да се запознаат со основните концепти и алатки за родова анализа, значењето на родово разделените статистички податоци и нивната примена во процесите на креирање политики. Посебно внимание беше посветено на родово сензитивните секторски политики, интерсекционалноста и идентификувањето на различните потреби, можности и бариери со кои се соочуваат жените и мажите. Обуката опфати и дел за улогата на граѓанските организации во процесите на родова анализа, како и значењето на соработката меѓу институциите и граѓанското општество во унапредувањето на родовата еднаквост.
Обуката ја организира Одделението за родово одговорни политики и родово одговорно буџетирање при Секторот за еднакви можности-МСПДМ со поддршка на проект финасисран од Европската Унија „Техничка поддршка за подобрување на овозможувачката средина за граѓанските организации во Република Северна Македонија“.




.jpg)

.jpg)