Во текот на март 2026 година, во Ресурсниот центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање беа одржани вкупно 10 менторски сесии за родово одговорно буџетирање, наменети за институциите на централно ниво.
На сесиите учествуваа административни службеници од повеќе институции, меѓу кои: Министерството за транспорт, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, Агенцијата за катастар на недвижности, Државната комисија за спречување на корупцијата, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, Министерството за европски прашања, Министерството за финансии, Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво, Министерството за односи меѓу заедниците, Министерството за локална самоуправа, Министерството за здравство, Институтот за јавно здравје на РСМ, Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство, Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана, Центарот за управување со кризи, Комисијата за односи меѓу верските заедници, Министерството за култура и туризам, Министерството за спорт, Центарот за развој на стручно образование и Министерството за јавна администрација.
Учесниците беа дел од процесот на креирање политики и буџети, вклучувајќи координатори и заменик-координатори за еднакви можности.
Менторските сесии беа насочени кон обезбедување експертска поддршка и стручни консултации за унапредување на примената на алатките за родово одговорно буџетирање, во согласност со Правилникот за формата и содржината на родово одговорната буџетска изјава, како и Упатството за нејзино пополнување.
Сесиите беа спроведени и координирани од Секторот за еднакви можности – Одделението за родово одговорни политики и родово одговорно буџетирање, во соработка со UN Women, со техничка поддршка од Центарот за управување со промени (ЦУП).








