Во Ресурсниот центар за родово одговорно креирање политики и буџетирање, во текот на изминатите две недели, се одржаа менторски сесии за родово одговорно буџетирање со претставници од Министерството за економија и труд, Агенцијата за администрација и Државниот завод за статистика.
Менторските сесии беа насочени кон обезбедување експертска поддршка и стручни консултации за административните службеници, со цел да се зајакнат нивните капацитети за ефективна примена на алатките за родово одговорно буџетирање, во согласност со Правилникот за формата и содржината на родово одговорната буџетска изјава и Упатството за нејзино пополнување.
Менторските сесии ги спроведе Секторот за еднакви можности – Одделението за родово одговорни политики и родово одговорно буџетирање.



.jpg)

.jpg)
