Во Ресурсниот центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање во тек e одржување на тридневна обука за обучувачи за родово одговорно буџетирање.
Целта на обуката е учесниците да ги зајакнат капацитетите и вештините за развој и испорака на успешна програма за обука за родово одговорно буџетирање, преку примена на интерактивни методи, размена на искуства и практична работа.
Во рамки на обуката, учесниците ќе имаат можност да работат на конкретни примери и студии на случај, со цел подобро разбирање на процесот на интегрирање на родовата перспектива во буџетските политики и практики. Дополнително, се поттикнува вмрежување и соработка помеѓу институциите и организациите, што ќе придонесе за поефикасна примена на родово одговорното буџетирање на национално и локално ниво.
Обуката ја организираме со експертска поддршка на UN Women, а се спроведува од Центарот за управување со промени, како и од вработените на Секторот за еднакви можности – Одделение за родово одговорни политики и родово одговорно буџетирање при Министерството за социјална политика, демографија и млади.
Оваа обука претставува значаен чекор кон унапредување на родовата еднаквост и создавање инклузивни политики кои одговараат на потребите на сите граѓани.
.jpg)







