Министерството за труд и социјална политика во Ресурсниот центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање одржа Обука за недискриминација, права и законски алатки за спречување и заштита од дискриминација како и Информативна сесија за бесплатна правна помош. Обуката и информативната сесија беа реализирани заедно со Советот на Европа со поддршка на Европската Унија. На обуката воведни обраќања од претставниците на секторот за Еднакви можности како и претставниците на РОМАКТЕД програмата и Хоризонталниот инструмент за западен Балкан и Турција.
За време на обуката беа како теми беа опфатени : Дефинирање на нормалност, еднаквост, стереотипи и предрасуди; Што е дискриминација? Основи и видови на дискриминација; Слобода на изразување наспроти говор на омраза;
На крајот од обуката беше спроведена Информативната сесија за правото на Бесплатна правна помош на која беа споделени основните информации за бесплатна правна помош, услови и постапки во кои се остварува правото на бесплатна правна помош како и прашањето кои се давателите на бесплатна правна помош.