Работилницата претставува дел од пошироката регионална иницијатива за трансформирање на системите на грижа, која UN Women ја имплементира со финансиска поддршка од Обединетото Кралство, со цел да се поттикнат долгорочни социјални и економски реформи
Во Ресурсниот центар за родово одговорно креирање политики и буџетирање, Центарот за управување со кризи, во соработка со Министерството за социјална политика, демографија и млади и со поддршка од канцеларијата на UN Women – Скопје, ја одржа работилницата на тема: „Координиран институционален одговор за заштита од насилство врз жените во Република Северна Македонија“. На работилницата учествуваа претставници од државните институции и граѓанскиот сектор кои имаат надлежности во областа на координацијата, комуникацијата и заштитата на жените од насилство. Фокусот беше ставен на институционалната и законската рамка за спречување и заштита од насилство врз жените во Република Северна Македонија. Во рамки на програмата, раководителката на Одделението за спречување и заштита од насилство врз жени и семејно насилство при Министерството за социјална политика, демографија и млади, г-ѓа Лидија Штерјов, одржа презентација за меѓународната и националната правна рамка за справување со насилството врз жените и семејното насилство, со посебен осврт на механизмите за помош, поддршка и заштита на жртвите, како и на значењето на мултисекторската соработка. Советниците и координаторки за родова еднаквост при Центарот за управување со кризи, Севим Јакуп и Енисер Нуредини, пред присутните го презентираа Системот за управување со кризи, надлежностите на Центарот и функционирањето на Единствениот број за итни повици 112. Дополнително, беа презентирани и позитивни практики од функционирањето на системите за заштита во други земји. Целта на работилницата беше да се зајакнат соработката и координацијата меѓу релевантните институции во справувањето со насилството врз жените, како и да се унапреди ефикасноста на институционалниот одговор во случаи на семејно и родово базирано насилство. Преку вакви активности се придонесува кон подобрување на институционалната подготвеност, навремената реакција и обезбедувањето ефективна заштита и поддршка за жените жртви на насилство.
На 20 мај 2026 година, во Ресурсниот центар за родово одговорни политики и буџетирање се одржа петтата седница на Интерресорската консултативна и советодавна група за еднакви можности на жените и мажите. Во рамките на седницата, претставничка од Национална федерација на фармери ги презентираше резултатите од истражувањето за решавање на статусот на регистрираните земјоделки во делот на породилното отсуство. Презентацијата отвори значајна дискусија за потребата од унапредување на законските и институционалните решенија со цел обезбедување поголема социјална заштита и еднакви можности за жените во земјоделството. На седницата беше презентирана и информација за иницијалниот состанок на иницијативата „50:50“, насочена кон унапредување на родовата еднаквост и поттикнување на еднакво учество на жените и мажите во процесите на донесување одлуки. Членките разменија мислења и предлози за натамошни активности и мерки кои ќе придонесат за поефикасно спроведување на политиките за еднакви можности и зајакнување на меѓуинституционалната соработка во оваа област.