Новости

Соопштенија и интервјуа

Новости

ПОВИК ЗА ОБУКИ ЗА ГРАДЕЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ НА ВРАБОТЕНИ ВО ЈАВНИОТ СЕКТОР

Министерството за труд и социјална политика, во рамки на програмaта за обуки на Ресурсниот центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање, објавува повик за учество на обуката за службеници и службенички вработени во јавниот сектор кои сакаат да ги надградат своите капацитети и знаења и сакаат да станат дел од обуката на тема „Должност за унапредување на еднаквоста во јавниот сектор“.

Сподели:

Во тек се завршните средби од ГРЕВИО евалуциската посета на Република Северна Македонија

Во Ресурсниот центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање се одржаа завршните средби од ГРЕВИО евалуциска посета на Република Северна Македонија. Во текот на 5 дена беа одржани средби со државни институции и невладиниот сектор.

Сподели:

Започна ГРЕВИО евалуациската посета на Република Северна Македонија

Во Ресурсниот центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање се одржа првата ГРЕВИО евалуциска посета на Република Северна Македонија. На средбата присуствуваше Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и претставници од Советот на Европа, ГРЕВИО, Министерството за труд и социјална политика и од Агенцијата за аудио, аудио-визуелни медиумски услуги. Од страна на претставниците на независното експертското тело при советот на Европа за имплементација на Истанбулската конвенција беа поставувани прашања со цел подобро согледување на напредокот на нашата држава во однос на родово базираното насилство.

Сподели:

ПОВИК ЗА ОБУКИ ЗА ГРАДЕЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ НА ВРАБОТЕНИ ВО ЈАВНИОТ СЕКТОР

Министерството за труд и социјална политика со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Центарот за управување со промени отвора повик за службеници и службенички вработени во јавниот сектор. Обуките се на тема “Дискриминација и справување со дискриминација“ и се предвидени да се одржат во Ресурсниот центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање.

Сподели:

Преку голем број на публикации до поголема читателска публика за креирање на родово одговорни политики и буџетирање

Ресурсниот центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање секојдневно се залага во исполнување на својата цел. Неговата работа е насочена кон внесување на родова сензитивност во јавната администрација и поголемо застапување на родовата еднаквост во секојдневните практики на општествената заедница.

Сподели:

ПОВИК ЗА ОБУКИ ЗА ГРАДЕЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ НА ВРАБОТЕНИ ВО ЈАВНИОТ СЕКТОР

Министерството за труд и социјална политика со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Центарот за управување со промени отвора повик за службеници и службенички вработени во јавниот сектор кои сакаат да ги надградат своите знаења и вештини и да станат обучувачи и обучувачки за недискриминација и должност за унапредување на еднаквоста во јавниот сектор.

Сподели: