Во Ресурсниот центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање се одржа првата  ГРЕВИО евалуциска посета на Република Северна Македонија. На средбата присуствуваше Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и  претставници од Советот на Европа, ГРЕВИО, Министерството за труд и социјална политика и од Агенцијата за аудио, аудио-визуелни медиумски услуги. Од страна на претставниците на независното експертското тело при советот на Европа за имплементација на Истанбулската конвенција беа поставувани прашања со цел подобро согледување на напредокот на нашата држава во однос на родово базираното насилство.

Прашањата насочени кон претставниците на институциите беа во насока на превенција и поголема заштита од насилство, подигање на јавната свест за насилството врз жените и семејното насилство, пријавување на силување, мултиагенциска соработка, финансиски ресурси како и родово сензитивното креирање на политики. 

Претставниците од Министерството за труд и социјална политика ги објаснија сите заложби и преземени мерки од страна на институциите задржувајќи се на подигањето на свеста на населението во однос на семејното насилство и родово – базираното насилство. 

Препораките и коментарите од посетата ќе бидат дополнително доставени од страна на експертското тело со што институциите ќе добијат соодветни насоки за унапредување и успешна имплементација на Истанбулската конвенција.