Зошто е важна еднаквоста? Како да направиме позитивни промени? Каква разлика ќе направи еднаквоста во нашето општество? Што можеш ти да направиш?
Дали сакаш да се стекнеш или да ги прошириш своите знаења во областа на еднаквоста и недискриминација и должност за унапредување на еднаквоста во јавниот сектор?
Најдоброто инвестирање во себе е преку нови знаења!
Преку твоето знаење, сите граѓани добиваат повеќе!
Министерството за труд и социјална политика, во рамки на програмaта за обуки на Ресурсниот центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање, објавува повик за учество на обуката за службеници и службенички вработени во јавниот сектор кои сакаат да ги надградат своите капацитети и знаења и сакаат да станат дел од обуката на тема „Должност за унапредување на еднаквоста во јавниот сектор“.
Овие обуки се дел од проектни активности, подржани од Мисијата на ОБСЕ во Скопје во рамките на проектот „Зајакнување на владеењето на правото и човековите права во Северна Македонија II“ во соработка со Центарот за управување со промени. Во рамки на проектните активности се креира Програма за градење капацитети за недискриминација и должноста за еднаквост во јавниот сектор за вкупно 200 претставници од јавниот сектор, со соодветна застапеност на жени и мажи и на заедниците.
Предвидените дати за обуките се следниве:
20.10.2022 и 21.10.2022 – прва група
25.10.2022 и 26.10.2022 – втора група
31.10.2022 и 01.11.2022 – трета група
Обуката има за цел да овозможи разбирање на обврската за унапредување на еднаквоста од страна на институциите на државната управа во насока на промоција и унапредување на еднаквоста.
Потребни квалификации:
• На обуката можат да се пријават службениците и службеничките вработени во институции на јавниот сектор кои се редовно вработени во своите институции.
• Кандидатите и кандидатките во апликацијата треба да наведат соодветна мотивација за нивното учество во обуката.
Напомена: трошоци за превоз и сместување на учесниците не се покриваат.
Ги повикуваме сите кои се заинтересирани да аплицираат преку следниот линк https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLScSrpcD1CHkFxZJfjm0ZYvWtYtlCJZpMnmPVync1w7rXwTIUA/viewform?usp=pp_url , најдоцна до 10.10 2022 година, до 23:59 часот. Избраните учесници ќе бидат контактирани со повеќе детали.