Министерството за труд и социјална политика со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Центарот за управување со промени отвора повик за службеници и службенички вработени во јавниот сектор кои сакаат да ги надградат своите знаења и вештини и да станат обучувачи и обучувачки за недискриминација и должност за унапредување на еднаквоста во јавниот сектор.
Во просториите на Ресурсниот центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање се одржа работна средба на тема ,, Напредокот на Република Северна Македонија при спроведување на активностите предвидени во Националниот Акциски План (2018-2023) за имплементација на Истанбулската Конвенција” за период од октомври 2018 - декември 2021 година.
Во Ресурсниот центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање се одржа билатерална средба помеѓу Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска и заменик шефот на мисијата на ОБСЕ во Република Косово, Килијан Вахл.
Се одржа Промоцијата на кампањата „Со тебе сме – заедно против насилството врз жените и девојчињата“ со цел поттикнување на жртвите од семејно насилство да го пријават насилството во надлежните институции.
Се одржа и втората обука од серијата на обуки на тема „Род, родова еднаквост и воведување на родовата перспектива во јавните политики“ кои што се наменети за зајакнување на капацитетите на институциите.
Министерството за труд и социјална политика во соработка со канцеларијата на UN Women во Скопје започна со спроведување на работилници на тема: „Родовата перспектива во јавните финансии – Родово одговорно буџетирање“, наменети за зајакнување на административните капацитети во делот на вклучување на родовата перспектива во креирање на буџетите.