Се одржа и втората обука од серијата на обуки на тема „Род, родова еднаквост и воведување на родовата перспектива во јавните политики“ кои што се наменети за зајакнување на капацитетите на институциите. Министерството за труд и социјална политика во соработка со канцеларијата на UN Women во Скопје ги одржува обуки во Ресурсниот центар за креирање на политики и родово одговорно буџетирање. Кои се спроведени од Центарот за управување со промени во рамките на проектот на UN Women „Промовирање на родово одговорни политики и буџети: кон транспарентно, инклузивно и отчетно управување во Република Северна Македонија“ финансиски поддржан од Швајцарија и Шведска.

 

Учесниците од сите ресорни министерства на претходната обука се стекнаа со знаења за основни поими за род и пол, основните концепти на родовата еднаквост, да ги препознаваат разликите во позициите на моќ во општеството кои се услов за родовата дискриминација за да може при креирање на стратешки документи и јавни политики да ги пресретнат потребите на мажите и жените подеднакво и да застапуваат за донесување и спроведување на родово одговорни политики.

 

Продолжението на обуката се одржа на 8 и 9 јуни.