На 17 и 18 ноември, Ресурсниот центар за родово одговорно креирање политики и буџетирање успешно ја реализираше обуката „Основи и рамка на родовата перспектива во стратешкото планирање“, наменета за административни службеници од единиците на локалната самоуправа.
На 12.11.2026 година, Ресурсниот центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање при Министерството за социјална политика , демографија и млади беше домаќин на питомци и питомки од втора година на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје. Посетата беше реализирана во рамките на наставната програма по предметот Социологија, кој опфаќа теми поврзани со родовата еднаквост и интегрирањето на родовата перспектива.
На 4 и 5 ти ноември 2026 година се реализираше третиот модул од обуката на тема „Спроведување родова анализа на локално ниво“, наменета за јакнење на капацитетите на претставниците на локалната самоуправа за препознавање и адресирање на различните потреби, приоритети и предизвици со кои се соочуваат жените и мажите во локалните заедници.
На 19 и 20 октомври, во Ресурсниот центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање, се реализираше обуката „Основи на следење и евалуација на родово одговорни политики“, наменета за административните службеници на централно ниво.
На 14 и 15 октомври 2026 година, во Ресурсниот центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање при Министерството за социјална политика, демографија и млади, се реализираше дводневна обука на тема „Родово одговорно буџетирање“. Обуката беше насочена кон унапредување на знаењата и зајакнување на капацитетите за примена на родово одговорното буџетирање, како значајна алатка за интегрирање на родовата перспектива во процесите на планирање, подготовка и реализација на буџетите. На обуката учествуваа претставници на единиците на локалната самоуправа, кои имаа можност да ги унапредат своите знаења и практични вештини за примена на родово одговорното буџетирање во работењето на локално ниво.
На 30 септември и 1 октомври, Ресурсниот центар за родово одговорни политики и буџетирање успешно ја реализирање обуката „Основи и рамка на родовата перспектива во стратешкото планирање“, наменета за административни службеници од различни институции на централно ниво. Учесниците се запознаа со основните концепти поврзани со родот и родовата еднаквост, алатките за родова анализа и начините за системско вклучување на родовата перспектива во сите фази на стратешкото планирање – од анализа и поставување цели и индикатори, до буџетирање и евалуација.