Во текот на обуката беа обработени основните принципи и концепти на родово одговорното буџетирање, значењето на интегрирањето на родовата перспектива во буџетските процеси, како и поврзаноста меѓу јавните политики, стратешкото планирање и распределбата на финансиските средства.

Посебен акцент беше ставен на практичната примена на стекнатите знаења во процесите на локално буџетирање, со цел препознавање на различните потреби на жените и мажите и унапредување на еднаквите можности преку планирањето и распределбата на јавните средства.

Обуката ја организираше Одделението за родово одговорни политики и родово одговорно буџетирање при Секторот за еднакви можности во Министерството за социјална политика, демографија и млади, со поддршка на проектот финансиран од Европската Унија „Техничка поддршка за подобрување на овозможувачката средина за граѓанските организации во Република Северна Македонија“.

Преку ваквите активности се придонесува кон континуирано јакнење на институционалните капацитети на единиците на локалната самоуправа и унапредување на примената на родово одговорното буџетирање, со цел креирање поинклузивни политики и поефикасно, потранспарентно и поправедно користење на јавните средства.