Во Ресусниот центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање во текот на оваа недела се спроведоа две дводневни обуки за родовата еднаквост и антикорупцијата во соработка на UN Women и Канцеларијата на заменик-претседателот на Владата задолжен за политики за добро владеење,со поддршка на Министерството за социјална политика, демографија и млади и Шведска.
Обуките обединија две мешани групи од вкупно 40 државни службеници и експерти за антикорупција кои активно учествуваат во развојот и спроведувањето на политики за зајакнување на интегритетот и еднаквоста во институциите.
Сесиите опфатија начини за интегрирање на родовата перспектива во антикорупциските стратегии и обработија широк спектар на практични теми од принципи на добро управување, етика и управување со судир на интереси, до транспарентност, пристап до информации, одговорно лобирање и механизми за заштита на укажувачите.
Оваа заедничка заложба ја зајакнува нашата посветеност за унапредување на родово одговорното управување и обезбедување политики и практики што придонесуваат за поправедно и поинклузивно општество.







